10.11.2025
Почетна / Uncategorized / „Андерфест“ 2025: Нови имиња, голема енергија, долга традиција

„Андерфест“ 2025: Нови имиња, голема енергија, долга традиција

Скопје повторно го живее својот алтернативен ритам – „Андерфест“ се враќа со седмото издание! Вечерва, Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде сцена на домашната рок и андерграунд сцена, со настапи полни со енергија, автентичност и музичка страст.

Во текот на седумте години постоење, „Андерфест“ се позиционира како еден од најважните фестивали за алтернативна музика во земјата, создавајќи простор каде бендовите ги споделуваат своите идеи, звук и дух со публиката.

LOST IN REVERIE, LSD DURING WAR, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК ќе ги презентираат своите уникатни музички светови и моќни настапи што оставаат без здив.

Организаторите најавуваат уште поголем продукциски квалитет, динамична атмосфера и простор кој го слави независниот дух. „Андерфест“ одамна надминува фестивалски рамки – тој е глас, симбол и заедница на домашната рок и алтернативна сцена.

Билетите се достапни на drugastrana.mk, а ќе се продаваат и на врата.

Види

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Ладен октомври, снег во градовите уште од ноември!

Буквално сите прогностички материјали укажуваат на тоа дека во најголем дел од овој месец ќе …