13.05.2024
Почетна / Градина / Вести / НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Снежна бајка насекаде низ Македонија овој викенд!

НАЈНОВА МЕТЕО АНАЛИЗА: Снежна бајка насекаде низ Македонија овој викенд!

Денес, за големиот Христијански празник “Богојавление – Водици” и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со услови за слаби локални врнежи од дожд, особено во западните предели. Ќе продолжи да дува јужен и југозападен ветер и тој повремено ќе биде засилен на интензитет, информира Попоски.

Температурите ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат до близу 20 степени.

СНЕЖЕН БРАН И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ОВОЈ ВИКЕНД ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од над 30-40 цм, во градовите во западните предели таа ќе биде со висина локално и до 20 цм, понекаде и до 30 цм, во Скопскиот регион, како и во централните, југоисточните и источните предели та ќе биде најмала и ќе изнесува некаде од 3 до 10 цм, понекаде може малку повеќе.

Уживајте во снежниот бран овој викенд.

Види

Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …