03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Зелено светло од ЕУ за четири генетски модифицирани организми

Зелено светло од ЕУ за четири генетски модифицирани организми

Европската Комисија денеска даде авторизација за три генетски модифицирани култури на европскиот пазар, соја, маслојадна репка и памук, и ја обнови дозволата за четврт ГМО.

Според Европската Комисија сите овие четири организми ги поминале сите строги научни процедури и добиле позитивна проценка од Европската власт за безбедност на храна. Со оваа авторизација се овозможува увоз на овие четири генетски модифицирани култури на пазарите на ЕУ, но и нивно одгледување.

Европската Комисија информираше дека земјите членки на ЕУ не успеаја да постигнат договор за авторизација на овие производи, по што Комисијата има обврска да даде зелено светло.

Дозволите важат десет години. тм/ми/
Брисел, 31 март 2022 (МИА)

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …