04.05.2024
Почетна / Градина / Животни / Цветен пајак или Thomisus onustus

Цветен пајак или Thomisus onustus

Thomisus onustus, уште познат и како цветен пајак, е вид пајак кој е класифициран во (фамилија: Thomisidae, род: Thomisus). Овие видови можат лесно да се детерминираат поради својот триаголен абдомен кој се карактеризира со две аглести испакнатинки.

Како и останатите видови од фамилијата Thomisidae и овие пајаци-краби не плетат пајажина туку активно посегнуваат по пленот.

За таа цел применуваат камуфлажа како нивна основна техника. Бојата на самиот пајак претставува адаптација на самото место на кое го чекаат пленот, најчесто тоа се цветови како Erica tetralix, E.cinerea или пак листови од други растенија.

Тие својот плен го чекаат во стационарна позиција и воопшто не се поместуваат се додека тој не пристигне (на погрешното место во погрешно време)! Со смртоносен убод (кој не е опасен за луѓето) ја убиваат својата жртва и од неа ги смукаат телесните течности. Обично остануваат на истото место со денови, а понекогаш дури и со недели. Јувенилните форми најчесто поради причина од недостиг на плен, во својата исхрана вклучуваат исто така полен или нектар.

Првиот пар на екстремитети кај нив се подолги и поцврсти за разлика од останатите три пара и наместени странично, за да можат да го заробат пленот веднаш штом им се укаже таа можност. Меѓутоа бидејќи се сретнуваат на доста воочливи места и самите претставуваат лесен плен за предатори. Кога ќе забележат потенцијална закана се преместуваат на другата страна од цветот притоа движејќи се брзо, или пак го напуштаат истиот.

Повеќе на следната страна:

Види

Кучето секој ден гледало надвор од прозорец, а причината ќе ве остави без зборови

Три пати на ден, кучето на Кејси со нетрпение гледало пред прозорецот. Најпрво, Кејси, горда …