Како најефтино да го прочистите воздухот во домот? Ние ќе ви кажеме. Со растенија. Сега е вистинско време да допринесете за почист воздух во домот, со тоа што ќе одберете природна, наместо вештачка елка.
Новогодишната природна елка изгледа поубаво, на игличките се лепи прашината и нечистотиите и ефикасно го прочистува воздухот во домот, советуваат од градинарскиот центар ФОЈА. Тоа се живи дрвја со корени и земја, добри за амбиенталниот воздух во просторијата каде се поставени, бидејќи на игличките на зимзелените дрвја и грмушки се лепат секакви прашини и нечистотии, и брзо и ефикасно го прочистуваат воздухот во домот. Новогодишната природна елка, секако ќе изгледа многу поубаво од вештачката и ќе го разубави вашиот дом.
Опција се и природни зимзелени дрвја засадени на прозорец, на балкон или околу влезот во домот, бидејќи во тој случај служат како штит од прашина и бучава, а придонесуваат и за квалитетот на воздухот. Потоа може да се насадат некаде надвор.
Во градинарскиот центар ФОЈА ќе најдете голем избор на различни декоративни садници кои со својот изглед, форма и боја едноставно воодушевуваат и се вистински украс во дворот.
Извор: Радар.мк