Калдрмчето или уште познат како Портулак (Portulaca grandiflora) е едногодишно тревесто растение со месни, легнати стебленца, со црвенкаста боја, високи до околу 30 см.
Потекнува од Јужна и Централна Америка, поточно Уругвај и Аргентина. Неговите најблиски роднини се семејство Кактусови (Cactaceae)
Овие растенија се одлични ползавци и доколку правилно се одгледуваат ќе уживате во нивните цветови. Листовите се долги до 2,5 см.
Цветаат во различни нијанси на црвени, портокалови, жолти, цикламени и бели бои. Кај повеќето сорти боите се забележуваат само во сончевите денови.
Добро се снаоѓа во било која земја, како и помеѓу камењата, па затоа го има добиено и своето име. Бара да се чува на сончеви страни од балконот или верандата. Не бара полвеање со многу вода. Се сади откако ќе помине зимата и последните мразеви.