Почетна / Градина / „Мајмунско“ егзотично дрво ја краси клиниката Жан Митрев во Скопје

„Мајмунско“ егзотично дрво ја краси клиниката Жан Митрев во Скопје

Araucariaceae се семејство на четинари, вклучувајќи три родови и 41 вид, кои постојат денес.

Приближно во времето кога исчезнуваат диносаурусите, араукариите исчезнуваат од северната хемисфера. Потоа се шират во јужната хемисфера, достигнувајќи на север до 18 ° N на Филипините. Најголема разновидност има во Нова Каледонија (18 видови), се среќаваат и во Јужна Америка, Нов Зеланд, Австралија и Малезија – област вклучувајќи Малезија, Индонезија, Сингапур, Филипини и Папуа Нова Гвинеја. Кај нас може да го забележите Araucaria araucana во клиниката на Жан Митрев, а засадено е од страна на компанијата која се занимава во областа со хортикултура „Хорти Експерт МК

Може да достигне висина до 20 метри, и ширина до 7 метри. Познато е под името мајмунско дрво (според англискиот назив Monkey Puzzle tree) или Чилеански бор.

Сите Араукарии се зимзелени дрвја, обично со едно масивно стебло и соодветно наредени гранки. Некои видови се користат за екстракција на висококвалитетна граѓа или смола, други се одгледуваат како украсни градинарски дрвја во суптропските области, а Araucaria heterophylla (синоним Araucaria excelsa) – како собно растение.

Видот Araucaria hunsteinii достигнува 89 метри во Нова Гвинеја, а неколку други видови достигнуваат 50-65 метри.

Семето од нејзините крупни конуси, кои по големина наликуваат бадем, некогаш биле еден од најважните производи во храната на Индијанците-араукани. Во влажните поладни шуми во јужните области на Чиле и Аргентина често пати јата од папагали ја напаѓаат араукаријата и го јадат семето нејзиното со своите моќни криви клунови. За прв пат се открива во Англија кон крајот на XVIII век. Нејзините семиња биле донесени од капетанот Џорџ Ванкувер, кој го проучувал чилеанското крајбрежје.

Се размножува генеративно и со купување на пресадници. Треба да се прихранува на секои 2-3 години на пролет, а при садење треба да се измеша и органско ѓубриво во почвата за да се подобри структурата.

Види

Фитонија – одлично растение за одгледување во терариум или во шише

Фитонијата е нискорастечко, почвопокривно растение со бујни зелени лисја, нашарани со мрежовидни бели, розеви, црвени …