01.05.2024
Почетна / Градина / Зошто е корисен змискиот отров ?

Зошто е корисен змискиот отров ?

Токсин во змискиот отров може да се користи за лекување на дијабетес, висок крвен притисок и рак.

Научниците се надеваат дека ќе развијат лек базиран на овој токсин. Тие откриваат дека отровот има токсична и нетоксична верзија.

Едната служи за за пленот и во самоодбрана, а другата за природни биолошки процеси во организмот. Нетоксичната верзија е предмет на истражување од истражувачкиот тим.

Тие ги изолираат отровот од два вида змии Бурмански питони и Змија-жартиера каде ја истражуваат генетската конзистентност. Бурманскиот питон живее во тропските региони на Австралија, Америка, Африка и Азија.

Напаѓа значително големи животни, вклучувајќи срни, елени, диви свињи па дури и крокодили. Змијата-жартиера се среќава во Северна и Јужна Америка. Отровна е и се храни со водоземци, жаби и мали риби.

Резултатите покажуваат дека пред отровот да биде одделен од телото на змијата содржи безопасни физиолошки протеини кои правилно изведени може да се користат за лекување на едни од најчестите болести како дијабетес и рак.

Потребни се дополнителни истражувања во таа насока, за да се одреди како тие можат да се одделат, бидејќи досега единствениот начин да излезат од телото на змијата е преку отровот. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Communications.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …