02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Змејевско дрво: Зошто се користи коренот на ова дрво?

Змејевско дрво: Зошто се користи коренот на ова дрво?

Змејевското дрво од Сокотра (Dracaena cinnabari) е преставник на фамилијата „Asparagaceae“, и се сретнува во Сокотра архипелагот во Индискиот Океан, каде претставува најпопуларно и посебно растение.

Само ова од шесте познати видови претставува дрво. Листовите кај ова дрво се сретнуваат на крајот од младите гранки и траат од 3-4 години, каде подоцна се појавуваат нови.

Плодот е топчест кој содржи од 1 до 3 семчиња. Овие плодови се најчеста мета на птиците, а семете е тешко околу 60 грама со големина од 5мм.

Бојата на плодот е црвен, па од таму е познато и по името „крвта на змејовите“.

Овој монокотиледон образува многу убава карактеристична крошна со листови долги околу 60 сантиметри и широки само 3см. Цвета околу Февруари месец со цветовите кои се наоѓаат на крајот на гранките.

Овој необичен облик на ова дрво е добиено поради условите кои ги имало на овој остров и тоа поради ниската содржина на почва. Коренот на ова дрво се користи во пастите за заби и за гаргара. Исто така наоѓа примена и за ревматизам.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …