13.12.2025
Почетна / Градина / Вести / „Зелена нафта“ за 55.000 производители од земјоделството

„Зелена нафта“ за 55.000 производители од земјоделството

На предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата вчера ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина.

Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација.

Види

Немате видено вакво лечење! Лежењето врз пчелните кошници лекува докажано!

Иван Милиќ од Кадина Лука повеќе од една деценија се занимава со пчеларство. Од првата …