02.05.2024
Почетна / Градина / Вонредна прогноза: Еве какво време ќе ја зафати Македонија од утре на пладне

Вонредна прогноза: Еве какво време ќе ја зафати Македонија од утре на пладне

Почнувајќи од утре на пладне Македонија ќе ја зафати влажен бран со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Како што информираат синоптичарите, врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во западните и југоисточните делови, каде локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи. На места ќе наврнат околу 20л/м2 воден талог, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во првите два дена од следната недела ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во вторник ќе има услови за појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 5 до 12 степени. Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …