26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува

ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА: Еве какво време не очекува

Температурите значително опаднаа и ова утро најсвежо беше во Лазарополе и во Струшко, во Лазарополе се измерени 9°C додека во Струга 11°C, во најголем дел од државава температурите на воздухот се спуштија до околу 15°C додека најтопло беше секако на југоистокот каде температурите се спуштија до околу 20°C, информира метерологот Славчо Попоски.

Под влијание на изразено југозападно и западно воздушно струење за време на викендот и тоа особено во недела ќе предизвика нагло и ЗНАЧИТЕЛНО покачување на температурите на воздухот па така максимумот на температурите на воздухот највисоки ќе бидат во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот но и очекуваниот транспорт на прашина и на песок од Сахара температурите на воздухот ќе се чувствуваат повисоки опд реално измерените а и времето ќе се осеќа доста мачно и спарно што многу лошо ќе влијае врз граѓаните особено врз метеопатите.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …