18.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Викендов краткотрајно ќе имаме многу повеќе сонце, ќе биде и потопло!

Викендов краткотрајно ќе имаме многу повеќе сонце, ќе биде и потопло!

Под влијание на потопла воздушна маса од југ, за време на овој викенд (сабота и недела 2/3 август) времето во нашата Македонија ќе биде потопло со повисоки максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион температурата за време на овој викенд ќе се искачи до околу 35/36 степени.

Времето ќе биде постабилно со многу повеќе сонце, а повремено ќе засилува ветер од променлив правец.

Сепак, во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, па така не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …