03.05.2024
Почетна / Градина / Тука сè е можно: Во манастирот во Зрзе изникна цвет од самата карпа (Фото)

Тука сè е можно: Во манастирот во Зрзе изникна цвет од самата карпа (Фото)

Манастирот Св. Преображение или попознат како манастир Зрзе, се наоѓа околу 25 км западно од Прилеп. Подигнат е на една рамнина над селото Зрзе. Од сите страни е опколен со дабова шума, со отворен поглед кон Пелагониската рамнина.

Кога ќе пристигнете во манастирот на самиот влез има голема порта. Поради неговата локација на голема бигорска карпа од која што се гледа целата долина, неговите монаси го забележале вашето доаѓање и со голема љубезност и гостомпримство го чекаат вашето пристигнување на самата порта.

Во дворот на Манастирот како и скоро во секој двор на нашите Манастири се наоѓа големо старо дрво, кое прави огромна сенка на масичките и столиците поставени така што посетителите можат да се одморат и да уживаат во прекрасниот поглед од манастирот.

Манастирскиот комплекс зафаќа површина од околу 7000 м2, простор на кој се изградени згради и тоа во северо – источниот – конаците, во западниот – економските згради, а на јужниот и југозападниот дел – други помошни згради.

Некогашниот манастирски комплекс заземал многу поголема површина од денешниот. Целиот простор одговара на површината која е природно оградена и заштитена со долини од јужната страна, и со значителен вертикален засек од источната страна. За заштита од западната страна порано бил издигнат висок дебел ѕид, од кого денес се зачувани остатоци.

Денешниот црковен комплекс од манастирот Зрзе се состои од храмот Св. Преображение, храмот Св. Петар и Павле, надворешната припрата на западната страна и дел од градбата на јужната страна од црквата на Св Преображение. Целиот тој комплекс е покриен со стари турски ќерамиди на три води. Јужно од црквата Св. Преображение , кон источниот дел е подигната кула – камбанарија. Најстара постројка од овој црковен комплекс е црквата Св. Преображение, подигната од монахот Герман.

Конзервацијата на манастирската црква заедно со истражувачките работи овозможиле да се проучат сите фази на доградбите, да се изврши реконструкцијана тремот и реставрација на оние места каде што за тоа постоеле елементи.

Манастирот во с. Зрзе високо сјае – речиси до облаците, и сведочи за Божјата убавина. Токму од овој манастир, ни доаѓа и оваа фотографија која е објавена на неговата официјална страна на Facebook.

На фотографијата од манастирот во Зрзе, се гледа преубав цвет кој штотуку изникнал од самата карпа. Очигледно е дека Божјата убавина во манастирот го создава оној совршен, незаменлив природен сјај!

Извор: Лабаво

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …