28.04.2024
Почетна / Градина / Со одгледување на овие цвеќиња може да се заработи до 184.000 евра по хектар

Со одгледување на овие цвеќиња може да се заработи до 184.000 евра по хектар

Не бидете обесхрабрени кога ќе слушнете колку пари се потребни за да започнете бизнис како овој, затоа што брзо се враќаат. Сепак, оваа работа е исто толку убава колку што е и напорна.

Бизнисот за цвеќиња се покажа како многу профитабилен дури и за време на вонредна состојба. Под нормални околности, односот на инвестиции и добивка обично е еден спрема четири, под услов производството да биде успешно, а пазарот безбеден.

Александар Богуновиќ од Стопанската комора на Србија вели дека цвеќарството има добар тренд на раст во Србија – секоја година има раст од 10 проценти, пренесува Скопје24.

Секој може да се занимава со оваа работа, но мора да знае дека бара интензивна работа и многу работна сила. Затоа е скап бизнис, вели Богуновиќ. Цвеќињата можат да се берат осум месеци, што бара постојан ангажман.

– Кога работите со чувствителни видови, не смеете да дозволите вашите климатски услови да бидат надвор од контрола, бидејќи штетата може да биде многу голема – додава Богуновиќ.

Тој посочува дека оние што сакаат да влезат во овој бизнис прво треба да видат кои се нивните можности, односно да направат анализа на земјиштето. Тогаш тie ќе знаaт што може да одгледуваат таму. После тоа, потребно е да се утврди колкава инвестиција е потребна и кои би биле клиентите.

Продолжува на следната страна

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …