28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / СЛЕДУВА СУВ СТУД: Температурите ќе паднат под -10 степени, ќе дува и силен северен ветер (над 60 км/час)!

СЛЕДУВА СУВ СТУД: Температурите ќе паднат под -10 степени, ќе дува и силен северен ветер (над 60 км/час)!

За време на овој викенд, како и во првите денови од следната седмица, под влијание на студена воздушна маса од север температурите повторно ќе бележат тенденција на значително опаѓање и наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, но тие понекаде ќе се спуштат и под -10 степени, особено во првите денови од следната седмица, информира Попоски.

Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен Долж Повардарието и во источните предели од државава каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а локално ќе провејува и слаб снег.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и 0 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

До самиот крај на овој, како и во почетокот од следниот месец некои нови обилни врнежи од снег не се очекуваа.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …