03.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Следува нов продор на влажен и студен воздушен бран од север – На планините снежната покривка ќе се зголеми!

Следува нов продор на влажен и студен воздушен бран од север – На планините снежната покривка ќе се зголеми!

Во текот на следните часови од север кон Македонија се очекува брз продор на влажна и студена воздушна маса од север која ќе услови локални врнежи од дожд на ниските места (градовите), додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и снежната покривка таму ќе се зголеми, информират Попоски од Метеоаларм.

Снежната граница ќе се спушти до околу 1000 метри надморска височина, а во западните и во северните предели таа би можела да се спушти и под 1000 метри, со што провејување на снег ќе има и во повисоките населени места. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Во Скопје и околината исто така се очекува повремен дожд, а на околните повисоки места и планини ќе врне снег. Ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

За време на викендот ќе имаме повторно стабилизирање на времето и повеќе сончеви периоди, а по одделни котлини и речни долини повторно ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

НАПОМЕНА: Ветерот кој се очекува од следните часови да започне во Македонија ќе допринесе за расчистуање на воздухот во загадените места и градови низ Македонија.

Што се однесува до температурите, минималните во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Поради продорот на постуден воздух од север, пониски температури преку ден ќе имаме утре и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …