22.05.2024
Почетна / Градина / Шмекот на зачинските билки

Шмекот на зачинските билки

Анисот е лек кој од дамнина се употребувал во народната медицина за подобрување на варењето, но неговиот плод, сомелен, е омилен зачин за кекс, колачи, пециво, компот, сладолед, гума за џвакање и др. Се додава и на ‘ржан леб, а со него искусните кулинари пред самиот крај на готвењето го подобруваат вкусот на разни јадења од месо, па дури и рибја чорба. Денес во многу супермаркети „кујнски билки“, како што се босилек, сладок мајонар, листен магдонос, кадраво нане, жалфија, рузмарин, се купуваат во саксии.

За ова многу придонел и прочуениот британски готвач Џејми Оливер, кој во телевизиските емисии поткинува свежи тревки непосредно пред да ги уфрли во јадењето. Во која било цел да ги користите, свежите лековити и ароматични растенија се далеку подобри од сушените, а е покорисно од купеното во продавница ако ги сушите сами.

Не е потребно да бидете професионален градинар, ниту да имате многу простор и време за да ги одгледате. Во прашање се билки кои не бараат многу, а на изглед се и убави. Има уште една предност во поседувањето на градина со лековити и ароматични билки: листовите што ќе ги берете воопшто ќе немаат штетни пестициди и ѓубрива. Исто така, во градината тие понекогаш може да се употребат и на некој друг начин. При одгледување заедно со зеленчук и цвеќе тие со својот јак мирис ги одбиваат непожелните инсекти, а разни билни остатоци можат да дејствуваат како пестициди или ѓубрива, поради што имаат важна улога во одгледувањето на градинарски култури на органски начин;

Превземено од паноптикум

Види

Колку тежел најтешкиот лимон во светот

Сеуште не е откриен поголем лимон од тој во 2003 година. Лимонот бил тежок цели …