09.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Северниот бел носорог исчезна од Земјата

Северниот бел носорог исчезна од Земјата

Последниот машки северен бел носорог почина на 45-годишна возраст, откако во последните месеци се влоши неговото здравје.

Величественото животно Судан живееше во резерватот Сите-Пеита во Кенија. Тој бил евтанизиран во понеделникот, откако проблемите со неговото здравје, значително се влошиле.

Возраста на Судан е еднаква на 90 човечки години. Тој беше лекуван за дегенеративни промени во мускулите и коските.

По неговата смрт од видот северен бел носорог остануваат само два примерока во светот, но и двата се женки – неговата ќерка и внука.

Теоретски, смртта на Судан го гарантира исчезнувањето на овој подвид носорог. Сепак научниците собрале генетски материјал од него и работат на развој на техники за ин витро оплодување за зачувување на подвид.

Генетскиот материјал од Судан беше собран во понеделникот, велат екологистите. Тие се надеваат да го преродат северниот бел носорог, користејќи зачувана сперма и јајце клетки од двете преостанати женски.

Популацијата на северниот бел носорог во Уганда, Централна Африканска Република, Судан и Чад во голема мера беше избришана за време на приливот на ловокрадците во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, поткрепен од пребарувањето на рог од носорог во традиционалната кинеска медицина.

Последните преостанати претставници на подвидот – околу 20-30 носорози во Демократска Република Конго – беа убиени во крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.

Види

Рибата која има проѕирна глава

Длабоко во морето постојат риби кои имаат проѕирна глава наречени „Macropinna microstoma“. На неа, се …