02.05.2024
Почетна / Градина / РАНО АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ КОЈ ШТО ДОАЃА: Ќе дува силен јужен ветер (над 70 км/час), се очекува и дожд!

РАНО АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВИКЕНДОТ КОЈ ШТО ДОАЃА: Ќе дува силен јужен ветер (над 70 км/час), се очекува и дожд!

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Длабок џиновски циклон ќе ни го расипе времето од овој викенд (ќе донесе дожд, силен јужен ветер, Сахарска прашина и песок). Температурите и понатаму натпросечно високи, најава за снег нема!

Ветерот од јужен правец кој што ќе дува за време на викендот во Македонија локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час, а понекаде не се исклучува можноста и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и исто така силен јужен ветер.

Поради ваквиот развој на времето, очекуваме многу неповолни Биометеоролошки услови, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …