Малото срниче Петре ја имаше тажната судбина да остане без мајка, но за среќа нашиот Војо Иванов го вдоми и му ја пружа целата љубов и нега на овој свет.
Приказната за малото срниче и Војо деновиве ги освои срцата на сите Македонци. Пред неколку дена, ловџии ја убиле мајката на малиот Петре, а бебето срниче останало само. На социјалните мрежи Петре го нарекуваат „македонскиот Бамби“, а за Војо читаме само позитивни коментари.
Војо Иванов кој сите го знаеме како голем љубител на животни, веднаш го вдоми срничето и освен негов старател тој е и кум на Петре. Неговата деноноќна грижа за бебенцето е главна тема во медиумите, а Војо се надева дека после овој случај ќе се разбуди свеста кај несовесните ловџии, но и нехумани граѓани кои лошо ги третираат животните.
Петре највеќе ужива кога Војо му дава млеко од цуцла и постојано сака да се мази. Тие се постојано заедно и со јавноста делат приказна со среќен крај- кога срничето ќе потпорасне ќе биде вдомено во парк за миленици каде што ќе биде најблиску до неговата природна животна средина, а сепак ќе може да ја добива потребната нега.
Извор: makedonijadenes.com.mk