04.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Попоски: Какво време не очекува наредните денови?!

Попоски: Какво време не очекува наредните денови?!

Во следните часови ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час). Кон крајот на денов и во вечерните часови во западните предели повторно ќе има врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со засилен до силен ветер од југозападен правец. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи, информира Попоски.

Потоа во првите два дена од новата седмица ќе имаме преодно стабилизирање на времето, а нов поголем влажен бран од Атлантикот територијата на Македонија ќе ја зафати во среда и ќе донесе нови поинтензивни врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи и со засилен југозападен ветер.

Во Скопје и околината очекуваме слично време, а нови врнежи од дожд ќе има во среда.

Во следниот период продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, што значи не се очекува појава на мраз и на минусни температури наутро. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Барем според моменталните анализи, поголемо заладување на времето очекуваме околу средината на овој месец, а долготрајна стабилизација на времето не се очекува.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …