30.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Пет рецепти за чистење на црниот дроб

Пет рецепти за чистење на црниот дроб

4. Глуварче, јаболко, лук, ѓумбир и кромид
Ова е ефикасно, моќно, одлично смути за чистење на црниот дроб и за елиминацијата на токсините, кои не излегуваат сами од телото.

Глуварчето му ги дава на вашето тело ензимите што му требаат за да ја завршат својата работа.

Овој пијалок исто така, служи како диуретик, кој помага при задржувањето на течности и воспаление и оток на стомакот за време на менструацијата. Плус, ова смути е одлично за вашата кожа.

Состојки:
1 грст свежи глуварчиња
1 чаша вода
4 јаболка
2 мали чешниња лук
1 лажица свежо рендан ѓумбир (10 гр.)
1 парче кромид

Подготовка:
Најпрво подгответе чај од глуварче и вода. Излупете ги и исечете ги јаболката и лукот. Ставете ги сите состојки во блендер. Уживајте во овој супер сок!

5. Сок од грејпфрут, лук и ѓумбир
Грејпфрутите се одлични во елиминирањето на токсините и се одлична помош кога станува збор за здравјето на црниот дроб. Комбинирајте ги со прекрасните квалитети на ѓумбирот и лукот и добијте сок кој е идеален за чистење на црниот дроб.

Состојки:
сок од 2 грејпфрута
сок од 4 лимони
2 чешниња лук
1 парче ѓумбир
1 ½ чаши вода (300 мл.)
2 лажици маслиново масло (32 мл.)

Подготовка:
Исцедете ги грејпфрутот и лимоните. Додадете го ренданиот ѓумбир. Додадете ги соковите заедно со другите состојки во блендер и добро измешајте.

Прочистувањето на црниот дроб не треба да биде тешко или скапо. Сите овие сокови се одлични за да ви помогнат да го исчистите црниот дроб. Сепак, запомнете дека крајностите не се добри, затоа пијте ги соковите максимум 3 или 7 последователни дена и потоа престанете.

Ако редовно имате болка во црниот дроб, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар. Исто така, важно е да се јаде здраво, бидејќи само соковите не се доволни.

Извор: Јавно.мк

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …