18.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Ова дрво се смета за најстарото во нашата држава

Ова дрво се смета за најстарото во нашата држава

Платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај луѓето познат како чинарот според народните преданија и легендите, расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век).

Се наоѓа во центарот на Охрид.

Легендите и преданијата велат дека охридскиот чинар е стар 11 века, а стручните лица велат дека неговата старост е околу 6 века.

Претставува вечна инспирација за охриѓани, а особено за уметниците.

Тоа е местото каде повеќето луѓе се договараат да се најдат во Охрид и воедно место каде се изнајмувала работна сила во сезоната на градба.

Во дамнешно време се смета дека ова е место каде се извршувале егзекуции. Во Август 2002 година силен ветер ја урна најкрупната гранка од Чинарот заедно со дел од старото стебло. Тоа беше сигнал итно да се конзервира и заштити чинарот од слични незгоди.

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …