15.12.2025
Почетна / Градина / Храна / Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 11.8%

Откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 11.8%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 11.8% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 8.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 30.9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување е забележано кај: градинарските растенија, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите три месеци од второто тримесечје.

Види

Со терапија од лимон исчистете го организмот од вируси и бактерии

Веќе 4.000 години лимонот не се заобиколува во природното лекување и кулинарство. Богат е со …

Почетна / Градина / Вести / Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.2%

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.2% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 30.0%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 50.6%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, млекото и млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во јануари и февруари, додека во март е забележано зголемување.

Види

Здравје: Зошто да пиете сок од цвекло секој ден?

Постојат повеќе причини, поради кои сокот од цвекло треба да почнете да го користите при …