Денешното утро повторно во Македонија беше значително ладно и во поголем дел од Македонија и во градовите температурите беа во минус, односно под нулата и имаше појава на слана и на мраз. Во дел од котлините имаше појава на магла и на значителна ниска облачност и претежно беше тивко и без ветер.
Конечно од Католички Божик 25 декември се гледа крајот на натпросечно топлото време за декември и конечно доаѓање на вистинската зима, снегот и на многу ладното време во Европа, Балканот и во Македонија.
Според она што можам во моментов да го кажам зимско и многу ладно време ќе имаме и за нова година.
Метео прогноза на Славчо Попоски
gradina.mk Gradina