26.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Нов проект за окрупнување на земјоделското земјиште

Нов проект за окрупнување на земјоделското земјиште

Четири нови групирања на најмалку 1.000 хектари земјоделско земјште со цел нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години со проектот „Воведување национална програма за консолидација“. Проектот официјално почна денеска. Финансиран е од ЕУ со 2,5 милиони евра, а го реализира ФАО.

Проектот предвидува јакнење на техничките и административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), но, сепак, клучните ефекти, како што беше речено на промотвината прес­конференција, се директно насочени кон производителите, сопственици на парцелите, пишува Република. ­

Моментната неповолна структура на земјоделското земјиште составено од мали, фрагментирани површини, негативно влијае врз економичноста, приходите и профитабилноста на земјоделските стопанства.

– Просечната големина на парцелите по стопанство е 1,85 хектари или значително под европскиот просек од 16 хектари. Околу 60 отсто од сите земјоделски стопанства во земјава обработуваат помалку од еден хектар, а дури 90 процентипомалку од три хектари, истакна државниот советник во МЗШВ Перица Иваноски.

Ова, додаде, не го отсликува целиот проблем зашто дополнително, малите земјоделски имоти се фрагментирани на пет и повеќе просторно оддалечени парцели со големина од само 0,2 хектара.

– Поради раситнетоста, голем дел од парцелите немаат пристап до пат и до системите за наводнување или одводнување. Обработката на ваквиот земјишен капацитет го лимитира обемот на производство, ги зголемува трошоците, оневозможува примена на современи агротехнички мерки и модерна технологија, го спречува влезот на нови субјекти во бизнисот, а постојниот го прави скономски неодржлив, посочи Ивановски.

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …