Мувите се многу досадни и тешко се бркаат кога ќе влезат дома, ја напаѓаат храната, а тоа секако сакаме да го спречиме, но за среќа има природно решение.
Босилек е нешто што не можат да поднесат. Ставете го блиизу вратите и прозорците и нема да ви влезе мува дома.
Не сакаат ни лаванда, па и таа е замена за босилокот.
Oслободете се од комарците за секунда – потребни ви се само две состојки
Со доаѓањето на летото доаѓаат и здодевните комарци, постојат различни препарати од кои некои делуваат навистина некои пак не. Ќе ви претставиме еден трик од природата, после кој ќе може да потонете во вашиот сон без здодевните, мали инсекти.
Сè што ви е потребно е лимон и каранфилче. Лимонот исечете го на половина, па во секоја од неговите половини забодете ги каранфилчињата.
Потоа, ставете го лимонот во собата во која што престојувате.
Сите кои што го пробале овој трик велат дека помага, но не само кај комарците туку и кај мувите, а голем плус е тоа што лимонот и каранфилчето со својот мирис ја освежуваат просторијата.
Биологот Барт Нолс објаснува дека комарците ги привлекува човековиот здив. Јаглендиоксидот што го издишуваме, во комбинација со разни хемикалии, создава мирис што комарците може да го почувствуваат и на 30 метри оддалеченост.
Биологот тврди дека секој човек испушта над 300 различни хемикалии од кожата, а дури 100 од нив се наоѓаат во здивот. Женката комарец ги вклучува сите свои сетила за да одлучи дали некого ќе го касне или ќе го заобиколи. Уште еден битен фактор врз чија основа комарците одлучуваат дали ќе цицаат нечија крв е мирисот на кожата. Така, на пример, жолтите и тигрестите комарци ги привлекува млечната киселина, додека обичниот комарец е понаклонет кон масната киселина.
Постои верување дека лицата што јадат лук и земаат витамин Б ги одбиваат комарците, но биологот Нолс вели дека нема доволно докази за тоа.
Јапонските научници, пак, веруваат дека крвната група е пресудна за комарците. Па, така, лицата со крвна група 0 тие ги сакаат двојно повеќе од, на пример, оние со крвна група Б или АБ. А најмала веројатност дека ќе ги каснат имаат лицата со крвна група А.