28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Оваа недела ќе ја поминеме во знакот на антициклонот “Зевс” кој носи стабилно и суво време!

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Оваа недела ќе ја поминеме во знакот на антициклонот “Зевс” кој носи стабилно и суво време!

Во текот на оваа седмица ќе бидеме под влијание на антициклонот “Зевс” кој освен нас, го опфаќа и поголемиот дел од Европскиот Континент. Времето ќе биде стабилно, суво и со се повеќе сонце, информира Попоски.

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите, ос

обено во првите денови од оваа седмица ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -2 степени, а тие понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст секојдневно.

Особено натпросечно високи температури преку ден ќе имаме за време на викендот кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени.

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …