26.04.2024
Почетна / Градина / Најдобриот начин да се заштитите од несакани погледи, звуци, прејака светлина и прашина

Најдобриот начин да се заштитите од несакани погледи, звуци, прејака светлина и прашина

Повеќето луѓе што имаат двор имаат и жива ограда. Таа може да биде доста практична. Може да служи како заштита од несакани погледи или да биде добар филтер за звуци, прејака светлина а најчесто за прашина.

Треба да се внимава при избор на вистинскиот вид на жива ограда, што секако зависи од условите во кои се одгледува, од вашите очекувања и бараната густина, висина и нејзините естетски карактеристики.

Живата ограда (која било) е најдобро да се сади на пролет или во есен, а доколку се одлучите за контејнерски садници оваа работа можете да ја извршите во текот на целата година.

Голем број на растителни видови погодни за формирање на жива ограда овозможуваат за секоја положба и секое земјиште да се пронајде соодветен вид, кој во целост ќе ги задоволи Вашите барања и ќе ги исполни своите функции:

заштитна, еколошка, естетска… Обликот и висината на живата ограда се одредуваат со окастрување.

Одржувањето бара доста труд: редовно залевање, плевење, прихранување два пати годишно и режење- окастрување. Правилното окастрување е мошне важно, за долниот дел од живата ограда да не се прореди поради недостиг на светлина. Првото окастрување- појако, се врши од октомври до февруари, кога се оставаат неколку нови изданки. Другото се врши во мај- јуни.

Хорти Експерт МК ви нуди зимзелена жива ограда по поволни цени од 600 денари . За повеќе информации контактирајте ги на телефонските броеви 071 390 539 / 070 390 400

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …