28.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Кочанските пожарникари спасија двомесечно куче од каналското корито

Кочанските пожарникари спасија двомесечно куче од каналското корито

Спасители во вистинска смисла на зборот – тоа се пожарникарите од Територијаната противпожарна единица – Кочани кои освен класичните интервенции за гасење на пожари и спасување на човечки животи, неретко интервенираат и во спасување на заглавени домашни и напуштени миленици, информира Гласно.

Таков беше случајот и денеска кога мирното попладне на кочанските пожарникари го наруши повик на дежурниот телефонски број 193 за заглавено двомесечно куче во коритото на затворениот дел од каналот над улицата „Солунска“ во Кочани.

Дежурната смена, командирот на единицата, Драган Апостолов и пожарникарот – спасител Валериј Џидров по добиениот повик се упатија на местото каде требаше да се интервенира. Заглавеното куче беше спасено на начин што пожарникарите мораа да спаднат во коритото и да го извадат од под затворениот дел на каналот.

Од Територијалната противпожарна единица Кочани низ разговор споделија дека ваков вид на технички интервенции им се случуваат барем еднаш месечно и тие по добиениот повик изелегуваат и интервенираат. Најчесто стнаува збор за заглавени кучиња и мачки во каналското корито, шахти за атмосферска вода, на високи дрвја или покриви. Кочанските пожарникари се присетија и на случка од пред 15-тина години, кога по добиен повик интервенирале во спасување на заглавена змија во двор од семејна куќа, а по успешното спасување змијата ја пуштиле во природа. За нив, животот е живот, без разлика што станува збор за животно.

 

Територијалната противпожарна единица – Кочани во текот на минатата 2023 год. имала вкупно 315 интервенции што е пораст за 15% во споредба со претходниот едногодишен период. Најголем дел од интервенциите се за гаснење на пожари на отворен простор, а не изостануваат и интервенции врз запалени објекти и моторни возила, при поплава и останати технички интервенции.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Види

Букет со зачини

Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, …