14.12.2024
Почетна / Градина / Вести / Како букетите да живеат подолго?

Како букетите да живеат подолго?

За да ги зачувате букетите подолго време, мора да имате предвид неколку правила со кои ќе ве запознаеме. Трајноста на цвеќињата зависи од видот, сортата, како и од голем број на други фактори.

Цветовите или соцветијата на некои декоративни растенија, отсечени како пупки, имаат способност да се отвораат по ставањето во сад со вода. Такви се гладиолите, афионите, лилиумите, божурите и др.

Најповолно време од денот за полeање е рано наутро, додека стеблата, листовите, цветните пупки и цветовите се во најмногу свежи вечерта, кога во нив има акумулирано најголемо количество шеќери.

Во облачно време цвеќињата можат да се извадат надвор преку целиот ден. Отрезот на рачката треба секогаш да е наведнат. Кога е хоризонтален, цврсто лежи на дното на вазната и водата тешко продира во неа.

Листовите на долниот дел на стеблата или рачката треба да се отстранат пред потопувањето во вода. Гниењето на лисјата предизвикува гниење и на рачката, а со тоа се намалува времетраењето на цветовите. Кај хризантемите и розите листовите не се отстрануваат, бидејќи преземат вода и преку листовите.

Герберите се ставаат во вазна со мало количество вода, така што рачките да не се потопени повеќе од 5 см. За освежување на цвеќињата, можете да ги истуширате.

За освежување на овенати цвеќиња се користат различни начини. На пример: рабовите на рачките се аранжираат и потопуваат 20-30 секунди во жешка вода со температура 90 – 100 º С. Во овој случај лисјата и цветовите се замотани со хартија, за да се заштитат од влијанието на топлата водена пареа. Рачките третирани на тој начин, вшмукуваат повеќе вода. Така се освежуваат хризантемите и гергините. Форзицијата не поднесува третман со топла вода.

Цвеќиња кои имаат меки рачки како лалето, цикламите, момините солзи, нарцисот се освежуваат побрзо ако се потопат до самите цветови во вода со температура од околу 25 º. С По 6 до 10 часа тие се освежени. Рачките на растенијата, кои при сечење испуштаат млечен сок, се потопуваат неколку минути во вода со температура 30-35 ºС. Така се спречува затнување на стеблата од исушувањето на сокот. Потоа цвеќињата се ставаат во вода на собна температура. Важен услов за продолжување на трајноста цвеќињата е секојдневната замена на водата.

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …