02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / И лозарите во паника: Ниските температури ги измрзнаа лозовите насади

И лозарите во паника: Ниските температури ги измрзнаа лозовите насади

Огромни штети на лозјата направија ниските температури кои викендов ја зафатија земјава. Лозарите од тиквешијата се во паника, бидејќи лозовите насади се речиси уништени. Кога во саботата утрото Христина Трајковска Анѓелковиќ од тимјаник дошла на своето лозје, се запрепастила од тоа што го видела, пренесува ТВ24.

„Состојабата ја гледате дека лозјата се измрзнати, ќе нема ни 10кг од површините. Последици ќе има и другата година“ – вели Христина Трајковска Анѓеловиќ – сопственик на лозје.

Во тимјаник кај Неготино речиси и да нема семејство кое нема уништено лозје. Велат дека викендов тремпературите паднале и до три степени под нулата, што е доволно насадите да измрзнат. Лозарите не паметат вакво невреме во април.

„Нема ништо, се е црно, се е исушено. Ние живееме од тоа“ – вели Цвета Тончиќ – сопственик на лозје.

„Кој ќе ни помогне, не е исплатено грозјеот, немаме субвенции“ – вели Словка Тончиќ.

Види

Темјанот гo убива вирусот и ги лечи белите дробови

Познато е дека темјанот содржи хемиско соединение кое е многу корисно. Аромата на темјанот навистина …