18.12.2025
Почетна / Градина / Eдно од најчестите растенија домa – Бенџамин (Ficus benjamina)

Eдно од најчестите растенија домa – Бенџамин (Ficus benjamina)

Пресадувањето се врши со менување на саксијата на 2-3 години за еден поголем број. Може да се користи течно ѓубриво во пролет и лето до Септември и Октомври, приближно на секој 15 дена, или според инструкциите на пакувањето. Бенџаминот исто така има потреба од дополнително железо за да ја одржи својата жива зелена боја, па затоа е потребно да се додава и железо во вид на таблети или со течно ѓубриво. Ако листовите се пожолтени или се појават жолти дамки, тоа може да значи недостаток на железо.

Бенџаминот во пролет пушта нови врвови и оние листови кои се пожолтени е потребно да се отстранат. Така растението ќе се фокусира на здравите гранчиња. Доколку откинеме некое гранче може да се забележи бела течност. Тоа е каучуков сок од растението, кој може да предизвика иритација на кожата кај некои луѓе. Ако во текот на зимата растението губи од долните листови и расте само нагоре, добро е да ги подрежете врвовите и така ќе предизвикате посилно раздвојување и растење на долните гранки.

Бенџамин има потреба од многу светлина. Ставете на добро осветлено место, но избегнувајте директно сонце. Во текот на летото може да се стави на балконот, но подалеку од директното сонце за да на изгорат лисјата. Многу е битна и промената на условите на гледање, така што при секое преместување или намалување на светлината може да очекувате пожолтување и опаѓање на листовите, како и да се подзабави растот на растението.

Може да се размножува преку резници, семиња. Во домашни услови може да го размножиме преку резници поставени во вода.

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …