Не постои полесен начин за релаксација и опуштање, од престој во убаво среден двор или тераса! Престој во зелена оаза со издвоено место за седење со дрвени перголи како лесна кровна конструкција од попречно поставени дрвени греди, кои овозможуваат интима и топлина на просторот.
Место за првото утринско кафе, за релаксација на зајдисонце, за дружење со најблиските!
Перголите може да бидат засебно изградени во градината или пак да се вградени покрај самиот станбен објект, како негово природно продолжение. Може да се постават над патеката за автомобилот, како замена за натстрешница, наместо гаража, над местото за седење и одмор во дворот, над скарата и слично. Да бидат потпора за растенијата, но и за намалување на сончевото осветлување на некој простор бидејќи даваат шарена сенка, или да се постават на веќе изградена тераса, во кој случај делуваат како надворешна соба за престој на полуотворен простор.
Можат да бидат со различна висина, но најдобро е кога се повисоки од 2,5 метра. Околу конструкцијата на перголата обично се садат растенија ползавци, кои со својата тежина делуваат на стабилноста, поради што од пресудна важност е доброто втемелување на конструкцијата.
Но, за да дрвените перголи изгледаат убаво, и траат со децении важно е гредите да се изработени од квалитетно дрво, да се добро обработени, без нерамнини или остатоци од материјал од режењете. При поставувањето, дрвениот дел се подига на метална папуча и се одвојува од бетонот, а дрвени делови за да се заштитат од дејство на сонце, ветар и дожд се премачкуваат со водоотпорен премаз, најмалку два пати. Секако, најдобро е довербата да ја дадете на компанија http://www.geo-ing.com коja се занимава со обработка на дрво и дрвени производи со најсовремена компјутерски поддржана технологија, која изработува конструкции според најсовремена германска технологија со проверени дрвени елементи со целосна обработка на детали од конструкцијата, детални милиметарски точни зажлебувања, завршетоци на роговите, косници, метални папучи и.т.н. Инженерите во Гео-Инг, изработуваат целосни цртежи со комплетни детали на дрвени конструкции, како и прикази во 2D и 3D формат за различни специјализирани проекти.
Хармонично уредениот простор ни ја враќа позитивната енергија, прави да се чувствуваме продуктивни и среќни! Дрвото го облагородува секој простор, тоа е една од најважните суровини кои ни ги дава природата, со извонредни особини и здраво просторно климатско зрачење. А градењето со дрво е работа на Гео-Инг. е-mail: contact@geo-ing.com