14.12.2024
Почетна / Градина / Вести / Дополнителен рок за субвенции за нови лозови и овошни насади

Дополнителен рок за субвенции за нови лозови и овошни насади

До 31-ви октомври лозарите и овоштарите ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1-ви јануари до 30-ти септември 2016-та година.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и местото каде што се наоѓаат насадите.

Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци со површина од најмалку половина хектар.

Треба да имаат и агрохемиска анализа на почвата и платена водарина и пашарина.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување, а оние со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на барањето.

Види

5. цвеќиња кои ги сакаат северните простории

Некои цвеќиња претпочитаат светлина, но не сонце. Други се дефинитивно љубители на темните простории. Значи, …