13.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.

До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до Скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Немате видено вакво лечење! Лежењето врз пчелните кошници лекува докажано!

Иван Милиќ од Кадина Лука повеќе од една деценија се занимава со пчеларство. Од првата …