18.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Дива мачка во пештерата Свинска стрна (Видео)

Дива мачка во пештерата Свинска стрна (Видео)

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“ воспоставен е редовен мониторинг на пештери во Националниот парк Галичица. Редовниот мониторинг во пештерите и надвор од нив е одлична алатка за проучување на пештерските екосистеми во заштитеното подрачје.

Камера поставена пред пештерата Свинска стрна регистрираше дива мачка што ја корисисти оваа пештера во Националниот парк Галичица како привремено живеалиште.

Дивата мачка претставува загрозен вид. На главата има кратка муцка и кратки уши. Има тело кое е покрено со густо сиво-кафеаво крзно, со напречни темни шарки и една темна по должината на грбот. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прсти, а на задните четири. Живее во шуми со шумски чистини. Има одлично развиен слух, вид и допир, а послабо развиен мирис. Дивата мачка е месојад кој лови зајаци, птици, глувци. Лови приквечер или во зори. Добро трча и се качува по дрвја. Мажјакот е поголем од женката. Неговото тело е долго до 90 cm и е тежок до 15 кг. Женката при крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки. Обично живее 10-12 години.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …