04.05.2024
Почетна / Градина / Вести / ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА БОЖИЌ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Најпрво дожд, од понеделник големо заладување и снег!

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА БОЖИЌ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Најпрво дожд, од понеделник големо заладување и снег!

Следува краткотрајна стабилизција на времето. За Божиќните празници повторно ќе имаме голема промена на времето и изразена циклонска активност со центар над Јадранот. Токму ова најпрвин во сабота (за Бадник) и тоа особено од вечерните и ноќните часови кон недела ќе услови да има поинтензивни врнежи од дожд и тие ќе продолжат и во недела. Снег ќе врне само на највисоките планини, информира Попоски од Метеоаларм.

Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Веќе од понеделник, и тоа поради продор на многу постуден воздух од Арктикот, во Македонија очекуваме големо заладување, северен ветер, и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките населени места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Во понеделник попладне и во вечерните часови локално провејување на снег ќе има и во градовите.

Од вторник ќе имаме постабилно и релативно суво време, но многу студено, особено наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Студено ќе биде и преку ден, па така и максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за некој степен над нулата. Понекаде тие ќе останат до околу, па и под нулата.

Во Скопје и околината со ова заладување кое се очекува од понеделник, провејување на снег ќе има во повисоктите предели од котлината. На околните планини очекуваме формирање и на снежна покривка.

Да напоменеме дека со оваа циклонска активност, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).

За разлика од кај нас, во земјите од регионот ќе биде уште постудено, но ќе има и повеќе снег.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …