20.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Што ќе се случи со вас ако јадете по една краставица дневно

Што ќе се случи со вас ако јадете по една краставица дневно

Краставицата хидрира и го лади организмот, а многумина не знаат дека таа спаѓа во редот на овошје, а не на зеленчук.

Краставиците содржат молибден и флуор, комбинација која помага во намалување на забниот кариес, а калциумот кој го содржат во себе помага во зацврстување на забите.

Се верува дека краставицата има природни детоксификатори и дека редовното консумирање може да помогне во исфрлање на токсините од стомакот и црниот дроб. Витаминот К и калциумот помагаат во зајакнување на коските.

Една краставица дневно го регулира нивото на шеќер во крвта и успешно го намалува ризикот од појава на срцеви болести. Калиумот, магнезиумот и витаминот К се заслужни за правилното функционирање на кардиоваскуларниот систем, а освен тоа, со консумирање на краставица, вие го намалувате и нивото на холестерол во организмот.

Витаминот Б помага во зачувување на здравјето на косата – тој ја зајакнува и го спречува нејзиното опаѓање. Освен тоа, вашата кожа ќе биде позатегната и посјајна, а тенот поизедначен. Со консумирањето на краставици ќе го хидрирате целото тело и со самото тоа ќе имате повеќе енергија за секојдневните активности.

Важно е да се нагласи и дека вашиот дигестивен систем значајно ќе се подобри. Краставицата помага во подобрување на функциите на дигестивниот систем и цревата, а со тоа го намалува и ризикот од појава на рак на дигестивниот тракт.

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …