17.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Следува силен ветер (над 60 км/час), многу топло и спарно време!

Следува силен ветер (над 60 км/час), многу топло и спарно време!

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, денес и утре (четврток и петок 21/22 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно сончево, многу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите на воздухот насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе надминат и 35 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно сончево, могу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер претежно од југозападен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурата во Скопскиот регион исто така ќе надминува 35 степени.

Сепак утре (петок 22 август) локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Да напоменам дека поради изразеното јужно и југозападно воздушно струње од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што атмосферата ќе биде заматена.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …