18.12.2025
Почетна / Градина / Вести / Следува максимумот на овој мартовски топол бран од југ во Македонија!

Следува максимумот на овој мартовски топол бран од југ во Македонија!

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати нашата Република Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината. Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

И во Скопје ќе имаме слично време со температура која ќе се искачи близу 30 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …