18.12.2025
Почетна / Градина / Вести / МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Денес (вторник 11 март) ќе започнат силен јужен ветер, врнежи, локално поројни и со грмежи!

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Денес (вторник 11 март) ќе започнат силен јужен ветер, врнежи, локално поројни и со грмежи!

Под влијание на длабок циклонски систем кој надоаѓа од Атлантикот, денес (вторник 11 март) во нашата Република Македонија ќе имаме зголемена облачност а ќе започне да дува и засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час). Попладне од запад ќе се прошират локални врнежи од дожд кои ќе бидат најмногу застапени токму во западните предели.

Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Македонија се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата е веќе заматена, а времето понатаму ќе биде мачно и спарно.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе се искачуваат до близу па и околу 20 степени, а на повеќе места тие ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие се очекува да достигнат до околу 25 степени, а не се исклучува можноста тие и да надминат 25 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од нашата Македонија, а тоа е променливо време со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд, во делови од Скопскиот регион тој би можел да биде пороен и проследен со ретки грмежи. Температурата во Скопје и околината се очекува да се искачи близу или до околу 25 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Види

Собните растенија во борба со лошиот воздух дома

Трите најчести токсини, кои се наоѓаат во етерот на вашиот дом се бензен, формалдехид и …