Да претпоставиме дека многу од вас оставате на балконите сув леб се со цел да птиците со него се хранат. Тоа е секако добро намерен чин, но сепак може да биде и доста опасен.
Имено овие лебни производи не се добар избор за хранење на птиците, а исто така може да бидат доста опасни.
Лебот не е добар за птиците. Замислете ги само што ќе се случи доколку малите деца ги носиме во Мекдоналдс секој ден!? Дали тоа би било доволно како хранлива вредност? Истото се случува и со птиците.
Во овој период од годината птиците имаат потреба од липиди и масти за снабдување на своите енергетски потреби. А тоа го нема само во лебот! Исто така многу грешат оставајќи мувлосан леб на балконот. Мувлосаниот леб може да биде и смртоносен за многу од птиците.
Затоа доколку сакате да ги храните птиците, препорачуваме храна која ќе ги задоволи нивните потреби. Птиците сакаат семиња, ореви, плодови, инсекти и затоа најдобро е да се направи смеса која ќе биде мешавина од нив. Можете да ги измешате со свинска маст (сало) и ставите набиено во мала вреќичка со отвори, од која ќе јадат птиците. Закачете ги со јаженце на горниот дел така што топките ќе висат и птиците ќе можат да стојат на нив и ќе се хранат.
gradina.mk Gradina