За добро здравје и фигура помага водата со лимон. Таа полни со енергија, тонизира и прочистува.
Добро е да се пие по 8 чаши вода на ден. И нема да ни отежне ако во една или две од нив додадете лимон.
Така направениот коктел помага за добра фигура и здравје, полни со енергија и ни го испорачува неопходниот витамин Ц.
Тоа помага за подобро функционирање на црниот дроб и бубрезите. Има позитивен ефект врз дигестивниот систем, ги убива бактериите, а е корисен во борбата против вишокот килограми, сметаат диетолозите.
Освен тоа помага за прочистување на организмот од штетните материи и со тоа го штити од разни болести. Водата со лимон прави чуда за здравјето. Лимонската вода штити и црниот дроб.
Лимонска со вода е препорачливо да се пие наутро на гладно – половина час пред доручек. На тој начин помага да се апсорбира подобро појадокот. Сокот дејствува добро наутро на бремени жени при неразположенија.
Добар ефект има ако се пие не студена и топла вода наутро на гладно со лимон, и по желба може да се додаде и мед. Концентрацијата може да биде половина лимон во половина литар вода или дури и во четвртина литар.
Имајте предвид дека киселината го расипува забите.