03.05.2024
Почетна / Градина / Вила во Бали изградена во совршен спој на модерниот дизајн со природата

Вила во Бали изградена во совршен спој на модерниот дизајн со природата

Вилата Tantangan е убав објект со три спални соби, сместена на западниот брег на Бали, во близина на приватната и пуста плажа Nyanyi. Таа е дизајнирана од Valentina Audrito во студиото Word of Mouth, поврзувајќи го модерниот дизајн со природата и нејзините прекрасни убавини.

Villa Tantangan е сместена на одалечено место надвор од градските гужви и се смета дека е првата целосно одржлива вила од нејзината големина во Бали. Имено, дизајнерското студио се фокусира на намалување на потрошувачката на енергија преку соларни панели и природна вентилација. Рамните покриви на објектот претставуваат убава оаза засадена со тропски растенија, кои обезбедуваат изолација, додека помагаат во интеграцијата на вилата во бујната средина.

LED осветлувањето е вклучено цело време, додека пак back-up генераторот е на располагање во случај да сонцето не успее да блесне доволно. Вилата е со поглед на мирна градина, која е дизајнирана од пејзажниот архитект Jonh Pettigrew, кој го насади местото со разновидни и ретки кактуси, како убави и дрвја и цвеќиња.

Погледнете ги фотографиите на следната страна:

Види

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …