13.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Чуда на планинскиот чај – еднo од најкорисните растенија кои растат во Македонија

Чуда на планинскиот чај – еднo од најкорисните растенија кои растат во Македонија

Ова повеќегодишно растение познато e уште и како Шарпланински чај. Toa е еднo од најкорисните растенија кои растат во Македонија.

Во 70-тите години на минатиот век астронаутите го пиеле при подготовките за лет. Јапонски научници истражувале пред години и го утврдиле неговото благотворно влијание врз бројни болести.

Бидејќи Грците се ориентирале порано да го култивираат и извезуваат, светот го знае тоа чудесно растение како “грчки чај” и “грчки планински чај”.

Тој содржи: флавоноиди, фенилпропаноидни гликозиди, танини, терпеноиди, дитерпени и етерични масла, феноли, иридоиди, урсолова и олеанова киселина, бројни микроелементи како што се железо, бакар, цинк, кобалт и селен, како и макроелементите калциум, магнезиум, калиум и натриум кои објаснуваат фармаколошко дејство на видот.

Тој поседува силно антиоксидативно дејство, тонирзира, има антианемично и диуретично дејство. Го намалува ризикот од висок крвен притисок, инфаркт, мозочен удар, штити од развојот на клетките на ракот. Ја помага срцевата активност. Помага при заболување на простатата и тешко мокрење, ја стимулира потенцијата.

Ова е одлично средство при заболување на бубрезите и уринарните канали. Има силно антиинфламаторно, противомикробно и антибактериско дејство, одлично средство за третман на настинки – кашлица, болки во грлото, грип, бронхитис и други болести на респираторниот систем.

Види

Цистите на јајници може да се лекуваат со растенија

Во денешно време повеќе од половина жени страдаат од цисти на јајниците. Во повеќето случаи цистите …