17.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Во петок започнува петтото издание на Андерфест Фестивал Скопје

Во петок започнува петтото издание на Андерфест Фестивал Скопје

Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

На овој ЈУБИЛЕЈ публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк рок, метал, хардкор сцената од нашата држава која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1292

Види

Која била најголемата жаба во светот?

Жабите би требало да се мали и слатки, но овие т.н. Голиат жаби, како што …