Висечките кошници се одличен начин за да додадете многу боја и расположение на различни места во градината, летниковците или терасата.
Многу растенија наменети за контејнери, се соодветни и за висечки кошници – аубриета, мушкато и петунии, импатиенс, бегонија, бршлен, копривка, ѕвончица, бровалија, фуксија, лобелија.
Ползечките и почвено-покривните растенија се идеални за целта. За најдобар ефект тие се комбинираат со неколку цветни видови.
Препорачливо е, растенијата да имаат исти или слични барања на светлина, влага и место.
Италијанската ѕвончица (Campanula isophylla) е идеална за обоени комбинации или самостојно одгледување во висечки кошници. Кампанулата цвета од мај или јуни до септември или октомври во бела, сина и виолетова.
Цветовите се во форма на ѕвонец или ѕвезда. Има назабени листови од 3 до 5 см долги. Растението има висина 25-50 см. Тоа е релативно лесно растение за одгледување. Најдобро расте во песоклива почва, со умерена содржина на хранливи материи.
Калибрахоата (Calibrachoa) е растение, многу блиску до петунијата и цвета со добро оформени бои во форма на ѕвонец во различни бои: розева, бела, жолта, виолетова, и ретко црвена. Цвета обилно од мај до октомври на сончево место. Многу е соодветна за обоени комбинации. Бара богата почва. Треба да се полева умерено, инаку корените может да изгнијат.
Често е нападната од лиснати вошки и белокрилка. Хелихризум (Helichrysum petiolare) е ползечко зелено растение, кое често се користи во висечките кошници. Има сребрена боја и во есен. Достигнува должина 1 метар.
Хелихризумот сака многу сонце или полу-сенка. Добро планираните висечки кошници даваат индивидуален шарм на секоја надворешност.