02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Пролетни медени денови во Рамстор Мол 21.03-23.03

Пролетни медени денови во Рамстор Мол 21.03-23.03

Да ја дочекаме пролетта со мед!

Во периодот од 21 март до 23 март, во Рамстор Мол ве очекуваат Пролетни медени денови.
Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат и набават многубројните производи од мед направени од вредните раце на македонските пчелари.

Свое учество на Пролетните медени денови ќе заземат медарите од Про Мед пчеларство, пчеларство Митревски, Додевски и Аврамовски од кои ќе имате можност да се збогатите со многуброните производи од мед кои ги произведуваат медарите како што се: поленот, матичниот млеч, прополисот, восокот како и ред други производи.

Набавете ги најдобрите македонски производи од мед за време Пролетните медени денови во Рамстор Мол и бидете подготвени за преостанатите месеци од годината со најдобриот и највкусен мед!

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …